Славната актерка Анџелина Џоли своевремено а за многумина и денес важи за една од најубавите жени во светот. Покрај тоа таа е реален доказ дека тетоважите изгледаат привлечно на женското тело.
Иако се облекува формално за сите настани од политичко или општествено значење од кои таа е дел, убавата актерка неодамна се појави во фустан со гол грб и ги покажа тетоважите.
Анџелина има вкупно 20-тина тетоважи, од кои последните три ги направи минатата година, само неколку месеци пред да ја објави разделбата со Бред Пит, а тату-мајстор беше будистички монах.
Првата од нив е будистичка мантра, втората е храм, а третата е цртеж наречен Yantra кој се смета дека носи среќа. Дознајте ги останатите во продолжение…