Категории

Анџелина Џоли го „врти листот“ во однос на Бред Пит, тврдат таблоидите

Откако во јавноста беше соопштено дека ќе се разделат, актерката Анџелина Џоли се обиде да го оцрни Бред Пит и да го прикаже како лош татко, наведуваат денеска американските таблоиди, дополнувајќи дека откако сфатила дека Холивуд не е на нејзина страна, таа ќе го „сврти листот“.

– Сега таа интензивно трага по публицист и агент со цел да и помогнат да ја смени тактиката, тврди еден холивудски менаџер.

Наводно, откако го оцрни Пит со цел судовите да ги сврти во своја полза и да добие целосно старателство над децата, Холивуд застанал целосно зад Бред Пит. Медиумите пишуваат дека откако Џоли увидела дека од целата работа излегува дека тој е „златното момче“, а таа само негова придружничка, сега ќе се обиде со нова тактика.

– Наскоро очекувајте интервјуа во кои Анџелина повторно ќе зборува како Бред е прекрасен татко и оти засекогаш ќе останат семејство, но и фотографии од насмеаното семејство на некое патување. Таа е кралица на „наместени„ фотографии и манипулации, тврдат американските ПР експерти.

Прегледи:
328
Објавено на:
11.03.2017