Откако се раздели од Бред, Анџелина Џоли (42) беше поврзувана со многу мажи.
Најнов што се запиша на листата сега е уште еден убав актер – Garrett Hedlund (33).
Имено, блиските извори велат дека Џоли и Гарет веќе некое време разменуваат пораки и е-маили и имаат планови за вечера.
Гарет беше четири години во врска со актерката Кирстен Данст, а интересно е што токму неговата прва улога беше во филмот ,,Троја” во 2004-та година, во која глумеше со Бред Пит.
Џоли и Гарет, наводно, си се допаднале еден со друг на снимањето на драмата ,,Unbroken” 2014, каде Енџи уживала во неговото снимание, бидејќи многу ја потсетувал на Бред Пит.
Наводно, Џоли им кажала на своите пријатели дека е многу подготвена за романса со помладиот Гарет, а што ќе биде, ќе покаже времето.