Познатата актерка за првпат отворено зборуваше за разводот со Бред Пит и распаѓањето на семејството. Таа не се трудеше да ги скрие емоциите додека зборуваше и не се трудеше да си сокрие солзите.
Анџелина Џоли заедно со своите шест деца е во Камбоџа на промоција на новиот филм, каде што ѝ беше направено и интервју од страна на BBC во врска со новиот филм. Во текот на интервјуто, водителката ѝ постави прашање за разводот со Бред Пит, а таа одговори дека не сака многу да зборува на таа тема, дека целото семејство поминува низ тежок период, но дека тие секогаш ќе бидат едно големо семејство.
https://www.youtube.com/watch?v=u5K5YhQwVUY