Категории

Андреа (22) досега 15 пати ги зголемувала усните и не планира да престане: Среќна сум затоа што сега сум преубава!

Андреа Емилова Иванова (22), студентка од Бугарија, отсекогаш сакала да има големи усни, па веднаш откако наполнила 18 години одлучила да преземе нешто.

Досега потрошила голема сума на пари за да ги зголеми, а филерите ги вбризгувала барем 15 пати. Секој третман го платила најмалку 130 евра.

Иако има многу естетски третмани, таа не планира да престане. Сака уште повеќе. Со новите усни, вели, се чувствува посреќно и има поголема самодоверба.

„Ми се допаѓаат усните кои моментално го имам, повеќе отколку оние кои ги имав порано. Среќна сум бидејќи изгледам поубаво. Во Бугарија ова сега е модерно“, рекла Емилова која вбризгувала различни видови на филери во усните и ги поминала речиси сите клиники во Софија.

На социјалните мрежи добива и комплименти и критики:

„Добивам многу комплименти за своите усни и изглед од различни генерации на луѓе ширум светот. Примам позитивни и негативни коментари, но оние лошите доаѓаат најчесто од жени“, рекла Андреа.

Како што кажува самата, таа не смета дека усните можат да бидат преголеми бидејќи секој има различна перцепција. Луѓето треба сами да одлучат за себе смета таа:

„Луѓето треба да имаат слобода да бираат самите за себе. За мене нема граници“, вели Андреа која би сакала да има најголеми усни на светот, но како што вели, голема е конкуренцијата.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=204&v=mjPxCLlpcWw

Прегледи:
497
Објавено на:
25.09.2019