Категории

Антиќ сеуште размислува дали ќе игра за репрезентација?

Македонската кошаркарска репрезентација ги започна подготовките за настап во претквалификациите за пласман на Светското првенство во Кина. Во август противници на Македонија ќе бидат националните тимови на Естонија и Косово.

Новиот селектор Јорданчо Давитков на поширокиот список повика 24 играчи, на него се и имињата на искусните Перо Антиќ, Ѓорѓи Чековски и Лестер Бо Мекејлеб.

На првиот собир се појавија Чековски и Антиќ, а поранешниот капитен кој последен пат за репрезентацијата играше на ЕП во Словенија во 2013, изјави дека за неколку дена ќе ја донесе одлуката дали повторно ќе го облече дресот со државниот грб.

„Моето појавување на првиот собир значи респект за стручниот штаб на репрезентацијата како и директорот. Пред неколку години зборев за пензија од националниот дрес, но мило ми е што Јоцо се врати во репрезентацијата. Со него имам одлична соработка во изминатите години. Тешко е да одлучам, но за два до три дена ќе знаеме сигурно дали ќе настапувам ова лето за репрезентацијата“, рече Антиќ.

 

 

Извор: Макфакс

Прегледи:
665
Категории:
Кошарка · Спорт
Објавено на:
22.06.2017