Категории

Астрономите изјавуваат – Црна дупка се повеќе ни се приближува

Астрономите споделија најново откритие дека Земјата всушност кружи околу центарот на Млечниот пат со брзина од 227 км/с а не со брзина од 220 км/с.

Како 2020 година да не беше доволно необична, астрономите открија дека Земјата е поблиску до супермасивната црна дупка во центарот на галаксијата Млечен пат отколку што се мислеше порано.

Супермасивната црна дупка Стрелец А е за 2000 светлосни години поблиска на нашата планета. Освен тоа, нашиот Сончев систем исто така е побрз за седум километри во секунда отколку што научниците израчунаа порано.

Овие нови откритија се добиени благодарение новата и подобрена мапа на Млечниот пат, објавени оваа недела и се засновани на набљудувањата присобрани од јапонскиот астрономски проект кој е во тек последните 15 години.

 

Една светлосна година изнесува 9,5 билиони километри па иако во почетокот можеби делува како црната дупка да е доста блиску, научниците нагласија дека нема причина за узбуна поради новите пресметки.

Наместо да се режира претстојната пропаст, новото моделирање овозможува на научниците прецизно да ја одредат позицијата на Земјата во галаксијата.

Астрономите од Јапонија изјавија дека овој галактички центар е оддалечен 25,800 светлосни години од Земјата – околу 2000 светлосни години побрзо од официјалната оддалеченост која е одредена во 1985 година.

Истражувачи од ВЕРА сега се обидуваат да направат детални мапи на подрачјата близу централната супермасивна црна дупка користејќи податоци од телескопот од Јапонија, Јужна Кореа и Кина.

Прегледи:
606
Објавено на:
01.12.2020