Категории

Австралија на едноставен начин ја заштити водата од загадување: Идеја која вреди да се примени!

Минатата година, во текот на летната сезона, надлежните во Квинана, Австралија, инсталираа нов ситем за филтрирање во резерватот Хенли. Системот е неверојатно едноставен. Граѓаните за краток период почнаа да ги чувствуваат придобивките изразувајќи го своето задоволство од него.

Системот е составен од една мрежа која е поставена на бетонски одводни цевки која помага при собирање на пластиката, а притоа околината останува безбедна од штетното влијание на пластиката, а водата заштитена од загадување.

Инсталацијата на мрежите го чинела градот 20 000 долари, вклучувајќи го во цената дизајнот
на мрежите, нивното производство и монтажа.