Ова момче чиј сон било да го пропатува светот во 2013 година одлучил да го напушти својот дом и да тргне во авантура.
Со само 80 долари во џебот излегол од дома и пропатувал низ 80 земји само со автостоп. За 3 години поминал повеќе од 200 илјади километри со 3.000 различни автомобили и други превозни средства
Освен што многу луѓе му понудиле бесплатен превоз, многумина му понудиле и бесплатен престој и топол оброк, а некои дури и му нуделе пари за да продолжи со својата авантура.
Луѓето дознале за неговата авантура од неговиот блог и донирале симболична сума со што му помогнале да купи авионска карта за Јужна Африка и таму да го продолжи своето патување.
Тимотеј Рад вели дека дека доживела многу луди авантури. Во Авганистан сретнал талибанци, во Монголија се загубил и за малку ќе умрел, на Сибир се сретнал со две мечки.
Како што вели авантуристот се забавувал како никогаш во својот живот.