Категории

Бакнеж во чело има многу подлабоко значење отколку што многумина мислат

Би требало почесто да ги бакнувате партнерот, децата, родителите или пријателите во челото. Допирањето на усните во областа на третото око делува благотворно на душата, а ја стимулира и пиналната жлезда.

Третото око се наоѓа помеѓу веѓите и коренот на носот, а има влијание врз нашата интуиција, духовниот живот, моќта на предвидувањето, телепатија…Го поврзуваат со епифизата (пиналната жлезда) која Рене Декарт ја нарекувал средиштето на душата.

Оваа жлезда е одговорна за лачење на мелатонинот, хормонот кој ја регулира будноста и спиењето. Инаку, третото око се нарекува око на мудроста и шеста чакра, која се наоѓа на челото и има сина боја.