Категории

Баксузни предмети во домот кој шират лоша енергија – Веднаш ослободете се од нив

Најверојатно некои предмети во домот можат да бидат извор на лоша енергија. Фенг шуи стручњаците советуваат да се ослободите од следните нешта кои го расипуваат расположението и собираат негативност.

Валкана облека
Најлесно е валканата облека да ја фрлите на подот или во аголот од собата но треба да знаете дека на тој начин го спречувате одливот на позитивна енергија. Секој дом треба да има едно одредено место каде што ќе ја остава валканата гардероба.

Стари весници и списанија
Весниците би требало да ги фрлите веднаш откако ќе ги прочитате, советуваат стручњаците за фенг шуи. Ако собирате списанија и книги, чувајте ги на полици, никако на подот или во аголот од просториите.

Скршени чинии, чаши..
Оштетениот прибор може да ви донесе доста лоша енергија па така се пренесува и на оној кој се служи со истиот. Купете нов сервис, не мора да биде скап, но секако нема да ви донесе негативна енергија.

Прегледи:
936
Објавено на:
19.07.2020