Категории

БАРЕМ ДА БЕШЕ ПОДОБРА ОД МЕНЕ…

Ееее конечно душата ми се наполни, конечно покрај тебе таква каква што заслужуваш,таква каква што одамна требаше да држиш за рака, онаа која ќе очекува да ја нарекуваш моја, како што некогаш ме нарекуваше само мене, некоја која ќе очекува да ја сакаш, а само лажно ќе ја гледаш онака со милост и некоја чудна љубов.

Конечно некоја на твое ниво, некоја која ќе ти го донесе паметот, некоја од која ќе сакаш да избегаш со самата помисла дека не сум јас, некоја во која ќе ме бараш мене и само мене.

Но некогаш единствено што правеше е да се фалиш дека секогаш можеш да ме победиш, се фалеше дека јас за тебе никогаш нема да бидам онаа совршената, а изгледа премногу сум била, ќе го сфатиш тоа, тогаш кога ќе биде најдоцна за се.

Знаеш  секогаш е предоцна за се, секогаш ќе биде доцна за нас.

И ќе се покаеш знам, ќе се покаеш за целото минато кое ми го украде, за тоа минато што не знаеше да го оживееш, тогаш кога умираше се.

Ќе се каеш барајќи ме, но не наоѓајќи ме.

Јас сум заминала некаде меѓу вчера и никогаш повеќе.

Сум останала некаде назад, таму каде што сум среќна, среќна што гледам дека си безвреден, среќна  што знам дека таа не е ни малку како мене,дека не личи ни малку на она што сум јас,  дека таа не е за тебе.

Ах , барем малку да беше подобра од мене…

БЕЛЕШКИТЕ НА ДЕВОЈКАТА СО ЧЕЛИЧНО СРЦЕ

Прегледи:
684
Ознаки:
Објавено на:
12.01.2016