Категории

Бебе фотографирано со сите 1.616 ин витро инјекции кои биле употребени за да забремени неговата мајка

Создавањето нов живот е најголемото чудо, доказ дека љубовта е најмоќната сила во универзумот. Детето е најголемата радост во животот, причина да се надминат сите препреки, храброста да се бориш и да се ужива во секој момент во денот.

Но, некои родители не се благословени да зачнат на природен начин, па поради тоа ја прифаќаат реалноста и решаваат да посвојат дете или се обидуваат да забременат преку ИВФ процедурата.

Тоа го избрале и Патриша и Кимберли О’Нил но сепак не биле целосно свесни каква битка ги чека. Тие стапиле во брак во 2017 година, а се обидувале да имаат дете уште од 2014. Откако посетиле доктор и имале два неуспешни обиди за инсеминација, се одлучиле за ин витро.

По четири спонтани абортуси, му посакале добредојде на своето здраво бебе. Но, битката не била воопшто едноставна. Пред да се роди ова слатко девојче, мајката морала да прими дури 1.616 ин витро инјекции.

Ова се статистичките податоци за успешноста на ин витро поделени по старосни групи:

  1. Жени под 35 години… 41-43%
  2. Жени од 35-37 години… 33-36%
  3. Жени од 38-40 години… 23-27%
  4. Жени над 40 години… 13-18%