Категории

Бегајте од маж покрај кој се чувствувате осамено

Јасни показатели на лошиот брак

Лошиот брак умее лошо да влијае на психичката и емотивна состојба на личноста повеќе отколку што можат да влијаат трагедиите и лошите нешта. За жал, многу жени се навикнуваат да живеат во лош брак, се стопуваат во рутината со него и не гледаат во колку лоша и нездрава ситуација жвиеат.

1.Вие не сте тим кој сите препреки ги победува заедно?
Бракот создава доста силна врска помеѓу двајца луѓе кои се сакаат. Можете да станите една душа заробена во две различни тела, а со времето ако не станете нераздвоен тим кој е спремен да се соочи со секоја препрека – тој брак не е добар.

2.Изневерување?
Изневерувањето за жал, е најчестата причина за развод во денешницата. Старата изрека вели дека довербата е како огледало: „Можете да се обидувате и да го поправите, но пукнатините секогаш ќе бидат тука да ве присетуваат дека повеќе ништо нема да биде исто.“

3.Не се наоѓате на иста бранова должина?
Во почетокот секој пар дели исти идеали и планови за иднината. Ако и двата сте сакале да се венчате, да имате две деца и да го живеете „америчкиот сон“ и еден од вас изненадно го променил својот став, тогаш настануваат проблеми. Тоа е прв знак дека вие двајца повеќе не сте на иста бранова должина.

4.Рутинската врска и недостаток на комуникација почнале да се вмешуваат во вашиот брак?
не постои ништо полошо отколку врската да се доведе до стадиум на рутина или навика. Ако сте престанале да комуницирате и разменувате идеи, тогаш бракот полека ве прави мрзеливи. Секој брак е заснован на цврст темел на доверба, взаемна почит и беспрекорна комуникација.

5.Вашиот интимен живот станува понижувачки?
Како кај кучиња така и кај луѓето низ годините сексуалната желба се намалува и тоа е сосема нормално нешто. Не постои ништо чудно ако вашиот сексуален живот станал пасивен. И не е ист како што бил кога сте се венчале и додека сте биле млади.

6.Парите стануваат проблем?
Ако сте имале заеднички буџет додека еден од вас не почнал да троши пари на лични интереси, долгови, инвестиции и друго тоа може да биде уште доказ дека вие не се согласувате како некогаш.

7.Се чувствувате осамено покрај него?
Подобро бегајте од мажот покрај кој се чувствувате осамено. Осаменоста е најдобар показател на тоа каде се наоѓате и не е најдобар избор за вас затоа што тоа укажува дека не сте исполнети и сте несреќни.

Прегледи:
463
Објавено на:
10.02.2020