Категории

Бидете кралица на матурската вечер

Без разлика дали ве чека мала или голема матура, прва мисла која им поминува низ глава на сите девојки е “Што да облечам?“

Важно е да одберете добра комбинација во зависност од тоа дали имате 14 или 18 години. Потоа тука следат шминката, фризурата, накитот и секако чевлите кои ќе ви овозможат прекрасен изглед но ќе ви дозволат да танцувате до доцна во ноќта.

Денес ви нудиме неколку предлози кои се надеваме ќе ве инспирираат полесно да ја пронајдете својата идеална комбинација за матурската вечер.

# Тренди комплет…за матурата обично се подразбира матурски фустан, но тоа не значи дека мора да одберете фустан.

Тоа може да биде модерна сукна која ќе ја носите во комбинација со кошула или топ. Панталоните исто така се во “игра„.

Наш предлог е да одберете елегантни панталони со широк крој, модерен топ и впечатлив накит.

# Риги и цветови...ако ваш избор не се фустаните во една боја, одберете таков со цветен дезен или геометриски облици. Фустаните со многубројни цветови се одлично решение за полу-матурантките.

Облечете сандали кои се во склад со фустанот или балетанки и ќе изгледате совршено. Можете да одберете макси фустан кој ќе биде со по некој цвет и елегантни сандали.

# Фустан во јарки бои…бидејќи матурите се на пролет јасно е дека можете да носите ведри и јарки бои кои нема да се плашите да ги комбинирате со сандали и чевли исто во впечатливи бои. Направете ваша единствена color-block комбинација.

# Пастелни фустани…овие фустани се одраз на елеганција и добар стил, а пролетта е вистински момент да заблескате во фустан со пастелно розова или бејби сина боја. Овој тип на фустан ќе ја нагласи вашата младост и убавина.

# Мал црн фустан…секогаш е добар избор без разлика за која свечена пригода се работи.

Christian Dior го прогласи овој фустан за есенцијално парче гардероба за секоја дама.

Плус ако го истакнете со соодветен накит и светликави додатоци ќе бидете совршена.

Во прилог погледнете ја галеријата со фотографии и пронајдете ја идејата за вашата матурска вечер…

Прегледи:
1009
Објавено на:
25.04.2016