Бијонсе со својот настап на познатиот фестивал Коачела предизвика врескање и восхитување од многубројните фанови.
Освен поради одличните вокални и танцови способности изведувајќи неверјатен спектакл, овој настап за неа е историски бидејќи е првата афроамериканка која е најавена како главен изведувач.
36-годишната Бијонсе на сцената се појави во металик костим во египетски стил, повторно обединувајќи ги Destiny’s Childs за време на настапот. Заедно со Џеј Зи пак, ја изведоа Deja Vu.