Кога е во прашање среќата и причините за неа, како и одржувањето се релативна работа, но голем број луѓе беа причино изненадени кога во една прилика на Ask me anything, сесиите во живо на Reddit – американскиот претприемач, иноватор и филантроп Бил Гејтс изјави дека сега на свои 63 години е многу посреќен отколку кога имал 25.
Тој го сподели едноставниот рецепт за таа состојба и за чудење на сите, не ги спомна парите. После низата прашања кои му беа поставени во врска со неговите хуманитарни кации и филантропијата, следеше е филозофско прашање кое гласеше:
„Дали сте среќни и што ве прави среќен?“ На првиот дел од прашањето Бил одговори дека е среќен и дека кога имал 30 години мислел дека луѓето во своите 60-ти се паметни но не и дека можат да се забавуваат, и во тоа погрешил. На другиот дел од прашањето тој одговори: „Неодамна слушнав дека кога вашите деца се добро и напредуваат, тоа е нешто посебно и во потполност се сложувам со тоа. Понекогаш кога сте одговорни спрема себеси, кога вежбате, тоа ве прави среќни.“
Со текот на годините, не сте станале попаметни само поради вашето интелектуално знаење и богатство, во суштина најбитни се свесните избори чекорењето по патот кон она што ви е најбитно. Ако некогаш сте се се заправале „што ако?“ тогаш треба да се запрашате и дали го работите она што навистина го сакате, и значи дека е време да тргнете по патот кој навистински ќе ви значи и ќе ве прави да се чувствувате исполнето.
Како што спомена и самиот, семејството е неговиот приоритет.
Ставањето на кариерата на прво место а семејството на второ може да има големи последици.
Треба да се постават јасни граници и баланс помеѓу работата и семејството, и баланс помеѓу работата и животот.