Категории

Biski: Мотоцикл што се трансформира во скутер на вода

Компанијата Gibbs Amphibians, подолго време се занимава со изработка на амфибија, односно автомобил кој на едноставен начин може да се трансформира во брод и обратно, па затоа не не чуди дека направија хибрид мотор и џет-ски под називот Biski.

Овој мотор/џет-ски тежи 228 кг, и работи на двоцилиндричен мотор од 41kw, а возењето на две тркала на копно може да достигне максимална брзина од 129 км на час, додека како џет-ски може да оди со брзина од 60 км на час.

Моторот на пат се однесува како малку поголем скутер, и без проблем може да ги совлада кривините, а по влегувањето во вода со притискање на копче се конвертира во џет-ски, при што задното тркало се вовлекува, а погонот го превзема џет-ски погонот кој се наоѓа од двете задни страни на делот на шасијата.

vest_1_biski_02

За предното тркало да не создава отпор при пловењето, кога ќе влезе во вода се подигнува над површината на водата, а инженерите на Gibbs Amphibians се потрудија да го направат Biski многу стабилен, па во вода нема да се преврти ни додека стои, и ќе ви овозможи лесно да се качите на него, ако во некој случај сте паднале во вода.

Треба да се нагласи дека за сега станува збор само за прототип, па до компанијата не изнесуваат никакви податоци за тоа кога ќе почне да се произведува на пазарот, ниту колкава ќе му биде цената.

Прегледи:
437
Објавено на:
24.01.2016