Категории

Благодарност до небо: Овој човек спасил две лисици и тие од тогаш го следат во секој чекор

Една арапска поговорка вели – Ако не можеш да наградиш, тогаш заблагодари се. А токму тоа го прават овие две лисици.

Тие всушност своите животи му ги должат на еден апсолутно посебен човек и тие две не пропуштаат ниту една прилика за да му го искажат своето ‘Благодарам’.

Трагајќи по оваа интересна приказна, се селиме во Ирска, кадешто живее човекот под име Петси Гибонс. Тој пред извесно време пронашол две болни, прегладнети млади лисици.

Овој племенит човек дал сè од себе за тие да се опорават. Ги негувал и хранел, а кога лисиците потполно застанале на свои нозе и биле подготвени да се вратат назад во природата, тие едноставно не сакале да го остават својот спасител.

dve-lisici-prikazna-od-britanija-02

Грени и Мини се имињата на овие два необични миленика, а тие му се толку благодарни на господинот Гибонс, што буквално го следат во секој чекор. Сепак, тоа и не е толку тешко бидејќи една од спасените лисици буквално обожува да му седи на рамењата.

dve-lisici-prikazna-od-britanija-03

dve-lisici-prikazna-od-britanija-04

Оваа необична тројка привлекува огромно внимание каде и да се појави, а кога ќе ги погледнете нивните фотографии ќе ви биде апсолутно јасно зошто е тоа така.

Господинот Гибонс и неговите лисици особено ги обожуваат децата на училишна возраст:

dve-lisici-prikazna-od-britanija-05

dve-lisici-prikazna-od-britanija-06

dve-lisici-prikazna-od-britanija-07

dve-lisici-prikazna-od-britanija-08

– Луѓето ширум Велика Британија ме прашуваат за совети врзани со лисиците. Сепак, јас не сум експерт и учам од ден во ден. Но, сакам да ги посоветувам луѓето околу нештата во коишто сум упатен, изјавил овој човек.

dve-lisici-prikazna-od-britanija-09

Не знаеме што мислите вие, но нам оваа екипа ни делува како луда и забавна во исто време. Не треба посебно да напоменуваме дека тие навистина бескрајно се сакаат.

Прегледи:
493
Објавено на:
07.05.2016