Категории

Близнаци, а родени во различна година!

Во американската сојузна држава Калифорнија родени се близнаци во интервал од година дена, а нивното раѓање коинцидираше со Новата година.

Дваесет и двегодишната Марибел Валенсиа од Сан Диего го роди девојченцето Џејлин во последните секунди од 2015-та, а момченцето Луис неколку минути подоцна, односно во 2016 година, објавија локалните медиуми.

Како време на раѓањето на девојченцето забележено е 23.59 часот 31 декември 2015 година, а на момченцето 00.02 часот 1 јануари 2016 година. Тие имаат тригодишна сестричка Изабела.

„Го следевме времето и се прашувавме дали нашите деца ќе бидат првите родени во 2016 година“, изјави таткото, кој исто така се вика Луис, за телевизиската мрежа NBC.

Бебињата требало да дојдат на свет со царски рез, една седмица подоцна, на 6-ти јануари, но очигледно близнаците имале нешто друго на ум. За среќа, и двете новороденчиња се здрави без никакви проблеми.

Но останува прашањето како ќе бидат запишани датумите на нивото раѓање. Од семоќната даночна управа одговориле дека Џејлен ќе биде заведена како родена и обврзана во 2015-та година, додека за Луис неговите родители ќе го вбројат во даночната пријава за 2016-та, што важи и за повластиците.

Прегледи:
660
Објавено на:
03.01.2016