Категории

Близнаци родени со разлика од 15 минути се родија во различни години

Фатима Мадригал од Калифорнија е жената чии близнаци се родија во различни години, едниот во 2021, а другиот во 2022 година. Нивната ќерка се родила 15 минути по нивнот син.

Фатима Мадригал и Роберт Трухиљо го добиле најпрво својот син Алфредо Антонио во 23.45 во петок, 31. декември, а потоа се родила нивната ќерка Ајлин веднаш по полноќ, во сабота, 1. јануари, 2022 година – што значи близнаците се родени во различен ден, месец и година, а шансите тоа да се случи се 1 во 2 милиони.

„Навиистина е лудо што родив близнаци кои имаат различни родендени. Бев изненадена и среќна што Ајлин пристигна веднаш по полноќ“, изјавила Мадригал.

Покрај близнаците, семејството Трухиљо има и уште три постари деца, две девојчиња и едно момче кои со нетрпение ги очекуваат бебињата.