Категории

Мудра приказна: Богатство, љубов или успех?

Некоја жена си ја поливала градината, кога здогледала тројца старци пред вратата. Ги повикала па им рекла: Мислам дека не ве познавам, но изгледате како да сте гладни.

Ве молам влезете внатре да ви дадам да каснете нешто. Тие ја запрашале:

– Дали е вашиот сопруг дома?

– Не, одговорила жената, не е.

– Тогаш ќе мораме да си одиме.

Кога се вратил сопругот дома жената му раскажала што се случило. Тој и рекол да ги најде да ги повика сега на вечера.

Жената ги пронашла и ги повикала да им се придружат.

– Жал ни е, не можеме да ја прифатиме вашата љубезна покана, рекле старците.

– Зошто не? Прашала жената изненадено.

Еден од старците покажал на другиот и рекол: Неговото име е богатство. Потоа покажал на другиот: Неговото име е успех. А, јас сум Љубов.

Сега појдете кај сопругот и одлучете се кој од нас сакате да дојде.

Жената се вратила дома и му раскажала се на мажот.

– Супер, и рекол тој. Викни го Богатство за да не спаси од сиромаштијава.

Жената не била задоволна со предлогот: А, зошто да не го викнеме Успех?

Разговорот го слушнала нивната ќерка и воодушевена им рекла:

–  А зошто не го повикате Љубов? Нашиот дом така секогаш ќе биде среќен!

Ја послушале ќерката па жената отишла да го повика старецот Љубов.

Љубов седел во инвалидска количка па заедно со неа се одвел до нивната куќа.

Другите двајца старци тргнале по нив.

Жената се изненадила: А, зошто доаѓаат и они кога ние те повикавме само тебе?

Тие во еден глас одговориле:

– Да ги повикаше Богатство или Успех, другите двајца ќе си одеа. Но, ти го повика Љубов, а кај оди тој ние го следиме!

Таму каде што има љубов, секогаш доаѓаат успесите и богатството!

Прегледи:
904
Категории:
Занимливости
Објавено на:
04.01.2016