Категории

БРАВО: Потегот на ова мало момче треба да биде лекција за сите возрасни

Мајката на Дилан Дјуран, ученик од Њу Мексико мислела дека на нејзиниот син му се зголемил апетитот последните неколку месеци бидејќи тој во училиште носел поголемо количество на храна.

Дури и кога купувал храна, тој трошел повеќе пари од претходно.

На крај момчето и призна на својата мајка што се случува, а неговиот потег треба да биде лекција и за сите возрасни.

-Мамо, мене ми падна многу жал за едно помало момче од нашето училиште. Тој секој ден седеше гладен затоа што неговите се многу сиромашни и немаат што да му стават за јадење. Цел ден тој го поминува со една чаша вода, раскажало детенцето.

Откако во училиштето се расчуло за настанот, мајката на сиромашното дете се сретнала со мајката на Дилан, им се заблагодарила и  понудила пари за оброците, затоа што во меѓувреме се вработила.

Мајката на Дилан не ги зела парите. Всушност, пред некое време и тие биле во тешка финансиска ситуација и знаела како е.

Целото училиште и родителите на децата биле воодушевени од овој гест и малото момче го прогласија за голем херој.

https://www.youtube.com/watch?v=03TjV78sh5c

Прегледи:
345
Објавено на:
23.10.2016