Категории

Бремената војвотка Кејт блесна во елегантна црна тоалета на кралската свеченост

Војвотката Кејт Мидлтон ги освои погледите на сите присутни во Кенсингтонската палата во Лондон појавувајќи се во елегантна црна тоалета со потписот на Diane von Furstenberg.

Свеченоста беше организирана од страна на Центарот за менталното здравје “Anna Freud” каде војвотката имаше можност да се сретне со сите семејства на кои центарот им помогнал.

Денот после свеченоста, припадничката на кралското семејство присуствуваше на јавен форум организиран од училиптето Place2Be каде зборуваше за својата мајчинска должност и како се справува со одвојувањето од малиот принц Џорџ додека е во училиште. Кетрин избра темен бургунди фустан за овој настан кој го истакна нејзиното трудничко стомаче.