Слушнете ја новата преработка на ЦД со латино од Александар Митевски во изведба на младите и талентирани Бревис бенд! Ова летно кавер видео кое е снимено на кањон Матка донесе вистинска свежина во овие пеколни горештини!
За аудиото и видеото се погрижија Иван Јамандиловски и Алек Тасевски од Либеро бенд! Бревис се момците кои во последните неколку недели изненадија со две преработки на македонски поп песни и опфатија голем дел од македонските евергрин хитови. Тие го направија првиот MashUp на македонски поп песни од најголемите македонски ѕвезди како што се Тоше Проески, Калиопи Букле, Влатко Лозаноски, Тамара Тодевска, Елена Ристеска, Трајче Манев, Ѓорги Крстевски.
Бревис ни најавуваат уште многу вакви преработки и свое првенче во иднина. Верувам дека сите би сакале да ги слушнете Бревис во живо кои на 13ти Јули со почеток од 20ч ќе настапат на Summerland 2019 што се одржува во Школка- Градски Парк Скопје како предгрупа на легендарните ,Црвена Јабука’!