Категории

Брижит Бардо: Контроверзниот живот на жената со 100 љубовници

И тогаш Бог ја создаде жената… Американците ја имаа Мерилин Монро, а Европјаните француската убавица Брижит Бардо која од дното на душата ја презирала славата, а со своите постапки и изглед го фасцинирала светот. И ден денес ја сметаат за една од најконтроверзните личности.

Сѐ до појавата на актерката Брижит Бардо на големото платно на холивудската продукција од висина гледала европската кинематографија. Ниедна жена не била доволно интересна, гламурозна и сексапилна за да го привлече вниманието на владеачите со седмата уметност. По нејзината заносна убавина, правилни црти на лицето, полни усни и пеги на носот полудела цела планета. Нејзиното конзервативно воспитување не ја спречило да се однесува либерално и во помладите години, како и во својата старост.

Во дваесеттите и триесеттите години од животот не се плашела да го покаже своето тело, а оставала без здив многу мажи. Се заљубувала, раскинувала, се мажела и разведувала не обрнувајќи внимание на озборувањата, а од некој кој својата бременост ја поистоветувала со болест, станала страствен борец за правата на животните. Во едно од нејзините интервјуа на 40 – годишна возраст оваа француска филмска ѕвезда изјавила дека „секоја ноќ мора да има маж покрај себе“. Иако ги живее деведесеттите години од својот живот, таа остана доследна на себе заобиколувајќи ги пластичните хирурзи и третмани со ботокс, гордо покажувајќи ги своите брчки.

На 17 години се заљубила во Роџер Вадим, кој маѓепсан од нејзината убавина набргу ја запросил. Бидејќи била многу млада нејзините родители одбивале да и дадат дозвола за брак поради што како малолетничка за прв пат ќе се обиде да се убие, ставајќи ја главата во вклучена рерна. Родителите потклекнале под оваа уцена и со осумнаесет години му станала сопруга на Роџер Вадим.

Првата главна улога ја одиграла во остварувањето La Lumiere d’en Face 1956, а ангажманот во En Effeuillant la Marguerite следната година и го обезбедил статусот на секс симбол. Благодарение на Вадим добила улога која и донела светска слава и милионска заработка во филмот „И Бог ја создаде жената“.

Благодарение на своите први улоги оваа згодна Французинка застанала рамо до рамо со американскиот секс симбол Мерилин Монро. „Ако сум одиграла некоја улога во еволуцијата на француското општество и обичаи, тоа не било по моја волја“, изјавила во една пригода.

Фасцинацијата со нејзиниот лик, која започнала уште во 1953. поради првиот американски филм во кој се појавува со Кирк Даглас, продолжила и понатаму и Брижит станала првата жена надвор од англосаксонското говорно подрачје која го прославила успехот на француската кинематографија.

Нејзиниот прв брак траел пет години, но нивната професионална соработка продолжила и понатаму. Вадим кој починал во 2000. година останал запаметен по една реченица: „Верноста ми е здодевна“, а токму љубовните сплетки и прељуби го уништиле нивниот брак.

Нејзина животна желба била да стане животна сопатничка на Жибер Беко, познатиот шансониер. Во него била заљубена и знаела со денови да го чека неговиот повик. Била убедена дека ја сака и тоа го говорела и јавно. Од тогаш, Брижит прави само скандали. Во 1958. година ја купува амозната куќа во Сен Тропе и плаќа 24 милиони франци. Подоцна започнала врска со Саш Дистел, пејач и забавувач кој ја затекнува во кревет со Жак Шариј.

Две години по разводот повторно застанала на лудиот камен со актерот Жак Шариј со кој се зближила на снимањето на филмот Babette s’en va-t-en guerre.

Дванаесет месеци по венчавката го добиле синот Николас Жак Шариј со кој актерката никогаш не била блиска бидејќи својата бременост ја споредувала со тумор. Синот таа изјава никогаш не и ја простил, но тој не бил главната причина за нејзината несреќа, бидејќи само осум месеци по неговото раѓање, на својот 26. роденден, по втор пат се обидела да се убие поради брачни проблеми. Набргу во 1962. следел и нејзиниот втор развод. Таа воопшто не ја сакала славата, и покрај многубројните љубовни авантури со најпознатите ликови во минатиот век, таа изјавила дека токму поради славата повеќепати била на раб на самоубиство.

„Може да бидете босоноги и да бидете среќни. Имав сѐ, а бев несреќна. Вистинско чудо е што сѐ уште сум жива, говорела Брижит која на ден пред својот четириесетти роденден се повлекла од актерството, ги променила животните навики и станала вегетаријанка. Иако повеќе не се занимавала со глума, папараците постојано ја прателе. Дваесетина денови подоцна, опгтеретена со славата и длабоко депресивна, Брижит по трет пат се обидела да се убие, но ја спасила домашната помошничка.

Се омажила по трет пат за германскиот милионер и плејбој Гантер Сакс, но нивната среќа траела кратко. Таа врска и останала во сеќавање како еден од најубавите спомени, а неговото самоубиство во мај минатата година во потполност ја скршило.

Последен пат застанала на лудиот камен во 1992. година со Бернард Дормале со кој и денес дели добро и зло. Тој е функционер во ултрадесничарската партија во Франција. Поранешната актерка која по завршувањето на филмската кариера се посветила на заштита на правата на животните во минатото имала 100 љубовници – вклучувајќи ги и жените, но славата ја довела до очај, четири пати се обидела да си го одземе животот и ја напуштило единственото дете кое го имала.

Прегледи:
865
Објавено на:
21.05.2020