Категории

Брз десерт за љубителите на чоколадо: Направете рум коцки! (РЕЦЕПТ)

Овој колач се прави брзо, а ќе ве освои уште на прв залак со богатиот вкус на чоколадо и рум.

Состојки:

  • 250 г путер
  • 6 јајца
  • 300 г шеќер
  • 200 г брашно
  • кесичка прашок за пециво
  • 40 г какао во прав
  • малку рум
  • неколку лажички џем по избор
  • 4 редови чоколадо
  • лажичка масло

Подготовка:

Изматете ги путерот и шеќерот, постепено додавајќи по една жолчка, потоа брашно, прашок за пециво, какао и на крај шлаг од белки.

Печете во подмачкан плех на 200 степени. Кога ќе се олади, пресечете на половина (како торта). На горниот дел додадете џем и рум и измешајте.

Ставете преку кората и прелијте со глазурата од чоколадото истопено со масло.

Прегледи:
633
Објавено на:
10.10.2018