Категории

Брз колач со ананас: Рецепт кој ќе го воодушеви целото семејство!

Брзиот колач со ананас од состојки кои сите ги имаме дома, а може да искористите и друго овошје кое го имате, на пример вишни или сливи. Не мора да чекате да нарасне тестото само соединете ги сите состојки и печете. Ова е одличен избор во комбинација со кафе или чај.

Состојки:

2 јајца

100 гр шеќер

100 мл масло

1 кесичка ванилин шеќер

100 гр јогурт

180 гр брашно

12 гр прашок за пециво

6 парчиња ананас од конзерва

Сечкани бадеми или ореви

Подготовка:

Две цели јајца скршете во сад, додадете шеќер, ванилин шеќер и матете со миксер околу 3 минути. Додадете масло и јогурт и сето тоа повторно изматете го за да се соедини. Додадете брашно во смесата заедно со прашокот за пециво. Матете додека не добиете убаво тесто. Во калап со обрач од 28 цм, обложен со хартија за печење, истурете ја добиената смеса и рамномерно распоредете ја. Ананасот исечкајте го на покрупни коцки и поредете го по тестото. Додадете ги и сечканите бадеми. Печете на 180 степени половина час. Додадете шеќер во прав по печењето.

Прегледи:
817
Објавено на:
28.01.2022