Категории

Брзо и без печење: Фантастичен колач со кроасани

Се прави многу лесно и брзо па затоа ни е еден од омилените колачи. Можеби звучи малку необично, но е многу кремав и вкусен.

Состојки:

  • 200 грама бисквити
  • 3 пудинга од чоколадо
  • 3 пудинга од ванила
  • 12 лажици шеќер
  • 2 л млеко
  • 10 големи кроасани (по желба ванила или чоколада)
  • 3-4 лажици еурокрем
  • 300 мл павлака за шлаг
  • Млеко за да се натопат кроасаните

Подготовка:

Бисквитите натопете ги во млекото и ставете го во тепсија или послужавник со дијаметар 25 × 35 см. Во сад ставете го пудингот со чоколадо, 6 супени лажици шеќер и помалку од 1 литар млеко, па измешајте. Остатокот од млекото ставете го да зоврие. Извадете го зовриеното млеко од оган и додадете ги подготвените состојки, потоа продолжете да го варите пудингот. Веднаш штом ќе го тргнете пудингот од оган, истурете го преку бисквитите.

Потоа наредете ги кроасаните. Притиснете ги малку со прстите за да се наместат убаво. Во посебен сад ставете го пудингот со ванила и 6 лажици шеќер и помалку од 1 литар млеко. Остатокот од млекото ставете го да зоврие. Ставете го зовриеното млеко на страна и промешајте со подготвениот пудинг. Продолжете да го варите пудингот. Веднаш штом ќе го тргнете од оган, истурете го преку кроасаните, а врз него нанесете го еуро кремот.

Оставете го колачот да се излади. Со миксер изматете ја шлаг павлаката и намачкајте го колачот. Потоа ставете го колачот во фриждер додека не се излади убаво.

Прегледи:
1891
Објавено на:
27.08.2019