Категории

Брзо и едноставно: За ручек подгответе топла компир салата

Во категоријата на протеини кои не треба да ги избегнувате се наоѓа и рецептот за компир салата. Не станува збор за прилог, туку за брз ручек чија подготовка ќе ви одземе околу половина час. 

Состојки:

  • 1 кг млад компир
  • 8 парчиња сланина
  • 1 кромид
  • 50 мл јаболков оцет
  • 2 лажици вода
  • 1 лажица маслиново масло
  • 1 лажица сенф
  • ½ лажица шеќер
  • 8 парчиња млад кромид
  • Сол
  • Пипер

Подготовка:

Преполовете ги младите компири и сварете ги во солена вода. Процедете ги и пуштете ги малку да се оладат. Сланината запржете ја во тавче. Зачувајте две лажици од маснотијата која ќе остане во тавчето. Исечкајте го кромидот и запржете го на средна температура додека не се омекне. Ставете го јаболковиот оцет, водата, маслиновото масло, додадете сенф и шеќер. Кога ќе почне да врие, изгасете го шпоретот, посолете и на крај ставете го пиперот. Прелијте ги компирите со овој прелив, додадете го исечканиот млад кромид и сланината, добро промешајте и веднаш сервирајте.

Добар апетит!

 

Прегледи:
481
Објавено на:
17.04.2018