Категории

Чоколаден мозаик: Крем коцки во кои ќе се вљубите! (РЕЦЕПТ)

Ќе ве освојат уште на првиот залак!

Состојки:

  • 200 г бело чоколадо
  • 200 г млечно чоколадо
  • 400 г кисела павлака(20% млечни масти)
  • 2 дл слатка павлака
  • 10 г желатин
  • 1 д вода
  • половина лажичка кафе
  • околу 100 гр кекси

Подготовка:

Ставете го желатинот во ладна вода да набабри. Во два садови истопете го белото чоколадо и темното чоколадо, секое со 1 дл слатка павлака. Во истопеното чоколадо додадете го желатинот и добро промешајте да се стопи. Во топлото чоколадо додадете по 200 г павлака. Во темниот дел додадете кафе. На дното на помалиот калап наредете ги кексите натопени во млеко.

Истурајте ги најизменично белата и темната смеса. Чувајте го колачот неколку часа во фрижидер да се стегне.

Прегледи:
752
Објавено на:
16.01.2019