Категории

Чоколадни кокосови коцки од само 4 состојки: Вкусен колач што не се пече (РЕЦЕПТ)

Чоколадните кокосови коцки се совршени за секоја пригода – тие се лесни за подготовка и потребни ви се само 4 состојки!

Ретко кој може да биде имун на комбинацијата на кокос и чоколадо. Не потсетува на вкусот на летото, со својата хармонија на вкусови ја буди имагинацијата и помага здраво и убаво да се засладиме. Затоа ви претставуваме едноставен рецепт за неодоливи чоколадни кокос коцки – совршен колач без јајца и млеко!

 

Состојки:

  • 4 чаши мелен кокос
  • 1/2 чаша крем од кокос
  • 1/3 чаша јаворов сируп
  • малку сол
  • 1 чоколадо за готвење
  • 1/3 чаша крем од кокос

 

Подготовка:

Во блендер ставете ги кокосовото брашно, половина чаша крем од кокос, сирупот од јавор и малку сол и блендирајте додека не добиете изедначена смеса. Добиената смеса истурете ја во плех за печење обложен со хартија за печење и ставете го во замрзнувач 30 минути. Чоколадото измешајте го со кремот од кокос и ставете ги во микробранова печка за да се растопат. Промешајте ја смесата од чоколада, премачкајте ја преку основата од кокосот, па посипете со брашното од кокос. Оставете го колачот еден час во замрзнувач, а потоа исечете го на коцки и сервирајте. Уживајте!

Прегледи:
1236
Објавено на:
24.02.2020