Категории

Човекот се сака додека е жив, а не кога ќе умре: Вистина која треба да ја запомните!

Затоа размисли сега за кавгата доколку планираш да ја започнеш со некоја личност која те гледала накриво, ти рекла непримерен збор, на некој начин те повредила. Дали е најважно во секоја ситуација да покажеш дека си надмоќен, под цена другиот да се понижи? Сакаш ли да се поставуваш во улога на судија кон другата личност, а и самиот си свесен дека си направил многу повеќе грешки отколку таа личност.

Човекот се сака додека е жив, а не кога ќе умре. Затоа размисли ако одлучиш засекогаш да прекинеш со некоја личност само затоа што е повредена твојата гордост. Дали навистина сакаш од секоја битка да излезеш како победник без обзир на цената во односот која ќе треба да ја платиш? Дали во секоја трка е најважно првото место или личноста која паднала пред тебе, а покрај која само пројде немо? Дали навистина е најважно кој е најпаметен, најсилен, најдобар, најпривлечен, најбогат?

Човекот се сака додека е жив, а не кога ќе умре. Не му требаат тогаш убави зборови, му требаат додека е жив. Не треба тогаш да се зборува за неговите идеали и соништа, потребно му е да не ги гуши додека е жив. Не му требаат тогаш тон цвеќиња и пофалби над неговиот гроб, му треба сега еден нежен поглед, допир, стискање на рака. Сѐ она што не си го дал тогаш, не треба ни подоцна да го даваш, глумата и каењето во тој момент имаат исто значење.

Човекот се сака додека е жив, не кога ќе умре. Побарај ја сега таа личност, развесели ја со своето присуство. Не го чекај моментот кога ќе биде доцна. Ако можеби ти згрешила, запиши го тоа во песокот, а не во камен, бидејќи по звукот за крај на натпреварот веќе не се смета. По последниот здив, целата твоја љубов која не си ја дал, а сега ја сакаш не може ништо ниту да ја врати, ниту да ја промени. Затоа, не заборавај: човекот се сака додека е жив, а не откако ќе умре.

Прегледи:
1316
Објавено на:
22.11.2019