Бременоста е најфасцинантното и најубавото искуство што секоја жена може да го доживее.
Чувството како во утробата се поставува семето на живот е незаменливо и неповторливо. Освен тоа, долгиот процес ги става новите идни мајки пред голем број предизвици, за кои самите мора да најдат решенија и да донесат вистински одлуки. За оние кои досега веќе го искусиле мајчинството единствено ќе ги потврдат овие зборови.
Додека бебето сеуште се наоѓа во вашата утроба, секојдневно галете го и зборувајте му бидејќи тоа чувствува, гледа и слуша.
Бебињата плачат уште за време на нивниот престој во утробата.
Тие можат да го почувствуваат вкусот на храната.
1 од 2000 бебиња се раѓаат со еден заб.
Во временски интервал од девет месеци, стомакот кај една трудница се тегне колку големината на една лубеница.
Во Централна Африка има поголем број на близнаци отколку било каде во светот.