Категории

Чудо на природата: Магично езеро без дно

Езерото „Сино око“ кое се наоѓа во Албанија е природен феномен бидејќи верувале или не нема дно! Синото око всушност е дупка во која се спојуваат подземни води кои низ неа излегуваат на површината. Самата дупка, која сè уште не е официјално истражена, според некои тврдења е длабока околу 45 метри.

Езерото е лоцирано на западната падина од планината Мали и Џере во близина на патот кој води до градот Саранда. Иако пливањето и нуркањето во Синото око се дозволени, поради водата чија температура изнесува 10 степени Целзиусови, малкумина се оние кои сакаат да се впуштат во таква авантура поради неговата длабочина.

– Јас бев првиот човек кој нурна во Синото око околу 1984 година. Струјата беше толку силна, што за малку ќе ми ја симнеше маската за нуркање, па бев принуден дополнително да ја чувам со рацете. Колку подлабоко одев, струјата стануваше сè посилна, додека не дојдов до длабочина од 20 метри, каде што почувствував дека не можам понатаму, бидејќи притисокот на реката која извира беше неподнослив – рекол Ксемал Мато, еколошки активист.

q2

Според пишувањето на туристичкиот портал „Албанија“, туристите често доаѓаат тука за да фрлат каменче во центарот на езерото, само за некое време истото каменче повторно да исплива на површина.

q3

Прегледи:
1038
Објавено на:
23.09.2016