Категории

Чудото кое ги остави без зборови луѓето во светот: Научници направиле бебе без мајка!

Тим од истражувачи во Велика Британија успеал да произведе ембрион во лабораторија без користење на јајце клетки.

Научниците од Универзитетот Бат во Англија успеале да создадат ембрион од глушец, користејќи само сперматозоиди и клетки од кожа.

Нивниот неверојатен експеримент, како што пренесуваат медиумите, мајките ќе ги направи “непотребни” или на жените ќе им овозможи раѓање без јајце клетки.

Развој на цицачите

Тимот од истражувачи, без употреба на женски јајце клетки, успеал да ги наведе обичните клетки и сперматозоиди да се развијат во ембрион. Овој пионерски потфат би можел да доведе до тоа мажите да добиваат бебиња без учество на женски гени, како и на жените да носат бебиња на свет иако се стерилни.

Докторот Тони Пери, лидер на тимот и молекуларен ембриолог, вели дека оваа процедува довела до раѓање на целосно здрави глувци.

“Ова е прв пат некој да докаже дека комбинацијата од сперматозоиди и женски јајце клетки не е единствената која може да доведе до потомство. Досега женската јајце клетка оплодена со сперматозоид била неопходна за целосен развој на цицачите”, рекол тој.

embrion-spermatoziod-bez-jajce-kletka-02

Хомосексуалците би можеле да ја искористат оваа техника за добивање на потомство кое нема да има генетски одлики на сурогат мајката, туку само микс од генетските карактеристики на двајцата партнери.

Резултатите од истражувањето, кое многумина го опишуваат како научно “изигрување на Бог”, било објавено во списанието Nature Communications.

embrion-spermatoziod-bez-jajce-kletka-03

Вкупно 30 единки

Во текот на истражувањето научниците добиле 30 единки од глувци со процент на успешност од 25. Добиените единки биле здрави имале сопствено потомство.

Прашања и одговори

Како процедурата може да биде од корист?

“Постапката е во развој, но може да доведе до тоа хомосексуалците да добиваат деца со нивна генетска комбинација. Исто така, децата кои имаат нивни генетски карактеристики ќе може да добијат и жени без јајце клетки”.

Зошто е ова значајно?

“Оваа техника го побива преку 200 години старото верување дека само оплодена женска јајце клетка може да доведе до создавање на живот кај цицачите. Создавањето на живот во лабораторија и одржување на ембрион во живот ќе биде можен и во иднина”.

Како успеале научниците?

“Научниците, користејќи обични клетки и сперма, успеале да создадат ембрион од глушец кој се развил во здрава единка, способна да има сопствено потомство.”

embrion-spermatoziod-bez-jajce-kletka-04

Прегледи:
1016
Објавено на:
16.09.2016