Категории

Чувајте ја: Еве зошто никој друг не може да ја замени бабата

Не постои проблем во нашите животи кој бабите не можат да го решат со чаша сок, колаче или пак приказна.

Исто така таа е најдобар готвач во градот и секогаш подготува врвни јадење кога ќе и се најавиш на гости. Бабите обожаваат да нѐ хранат со највкусни рецепти и комбинации на јадења, посебно со пити и слатки работи.

Само бабата има толку многу љубов во себе и никогаш не ја штеди. Никогаш нема да те пушти да излезеш од нејзината куќа без храна, пари и прегратка.

Никој не е толку подготвен да те сослуша како твојата баба. Без оглед за што зборуваш. На крајот секогаш ќе се согласи со тебе но и ќе ти даде совет.

Бабите ќе го кажат сѐ она што го мислат за другите или што другите мислат, дури и ако тоа не е многу вкусно. Тие немаат време за пристојност и сакаат да ја искажат својата поента. Ако ја апсорбирате храброста на вашата баба, тогаш сигурно ќе успеете во животот.

Велат дека задачата на родителите е да ги воспитуваат децата, а на бабите да ги размазуваат. И имаат право, нели?

Многу нешта ги прават бабите единствени, затоа негувајте ги и чувајте ги.

Извор : brkajrabota.mk

Прегледи:
408
Објавено на:
05.04.2017