Категории

Чувајте се од овие луѓе: Постапки на пасивно агресивните особи!

Кога пасивно-агресивната особа одлучува да ја потисне својата лутина, колку и пати да ја прашате што не е во ред, нема да ви одговори. Тие никогаш не се расправаат со другите затоа што се уверени дека сите околу нив се повеќе способни, попаметни и подобри од нив.

„Кога некој ќе им даде задача која никако не е по нивната волја, тие нема да го кажат тоа, но задачата нема да ја направат како што треба“ – вели др. Даниел Хол Флавин од клиниката Мехо.

Ја потиснуваат и негираат лутината
Оваа навика нема да му помогне никому. Одрекувањето на лутината е класично пасивно агресивно однесување вели познатиот психолог.

Муртење
Уште една стратегија на пасивно агресивните луѓе е повлекувањето пред конфликтот и правење лути гримаси. Психолот објаснува „Ова однесување произлегува од верувањето дека одразот на лутина само ќе ја влоши состојбата,  тие често користат фрази од типот дека се е во ред, за да избегнат директна комуникација“

Одолговлекување и одлагање
Одлагањето на обврските, задачите и непослушноста се исто така симптоми на пасивно агресивните однесувања Додека поголемито дел понекогаш одрекуваат  но на крајот ги исполнуваат обврските па со тоа се надеваат дека во иднина нема да им бидат давани исти задачи.

Двосмислени пораки
Коментарите на пасивно агресивните особи, понекогаш знаат да заболат како нож во грб, но на нив е тешко да се одговори. Зошто? Затоа што тие тоа знаат да го кажат на индиректен начин, така да испаднете хиперсензибилни ако се навредите.