Категории

Чувар на витката линија и здравјето: Постојат многу причини зошто целерот треба да се најде на вашата трпеза!

Целерот заслужува да се најде почесто на вашата трпеза..

Целерот дури бил користен и од Египќаните како лек, а истражувањето покажало дека овој зеленчук е навистина одлична намирница и избор на голема количина на витамини и минерали. Содржи витамини К, Е, Ц и Б. Тој е богат со калциум и фолна киселина, а има силно диуретичко дејство.

 

Вака делува на организамот:

 

Го намалува крвниот притисок

Целерот содржи фиталид, соединение што го намалува производството на хормони на стрес, ги релаксира мускулите околу артериите и ја подобрува циркулацијата. Калиумот кој се наоѓа во целерот го стабилизира срцевиот ритам и го намалува крвниот притисок.

Докажано е позитивното дејство во борбата против ракот

Една студија покажа дека целерот содржи лутеолин, соединение кое го намалува растот на клетките на ракот на панкреасот. Друга студија покажа дека додавањето на целер во вашата дневна исхрана може да помогне во намалувањето на ризикот од појава на рак на дојка.

 

Успешно го намалува воспалението

Хроничното воспаление кое е крајно опасно и може да доведе до дијабетес и Алцхајмерова болест, целерот успешно го елиминира. Хипократ напишал дека целерот може да ги смири нервите и може да ја ублажи астмата, болката во зглобовите, белодробните инфекции и акните.

 

Го намалува нивото на холестерол

Целерот содржи бутилфталид, уникатно соединение кое помага во одржување на нормално ниво на холестерол, а сето тоа придонесува за добро отчукување на срцето.

Благодарение на целерот, варењето на храната се подобрува

Целерот содржи голема количина на вода што го олеснува варењето и излачувањето. Покрај тоа, тој содржи соединение наречено НБП кое ја подобрува циркулацијата на цревата.

 

Целерот е одличен сојузник во губење на тежината

Целерот е совршена намирница која треба да ја додадете во вашата исхрана, ако сакате да ги намалите килограмите. Целерот е богат со хранливи материи и содржи малку калории.

Прегледи:
446
Објавено на:
28.10.2019