Категории

CrossFit Skopje со нов настан: Сабота е ден за „Squat Therapy“ работилницата. Не пропуштајте да бидете дел од неа!

Тимот на CrossFit Skopje продолжува со постојаната динамика, како при одржување на часовите, така и со креативните работилници кои успешно ги организира. По Single Double Tripleработилницата која се одржа изминатиот месец, оваа сабота, на 3. ноември ќе се одржи следниот предизвик наречен Squat Therapy.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by CrossFit Skopje (@crossfitskopje) on


„Squat Therapy“ е работилница која е наменета за усовршување на Squat техниката како основна моторичка способност на човекот. Оваа работилница е наменета за сите кои сакаат да ја тестираат својата физичка подготвеност на ефикасен и забавен начин. За оние кои веќе имаат искуство во оваа техника оваа е одлична шанса да покажат што умеат, да се усовршат и да го зголемат својот капацитет. Оние пак, кои сега започнуваат со вежбање преку оваа работилница ќе ја добијат својата основа за понатамошното вежбање, а воедно ќе научат како да ја намалат болката во колената и долниот дел на грбот при изведување на оваа вежба.

Ова е доволна причина во сабота од 11 до 12 часот да бидете во просториите на CrossFit Skopje и да присуствувате на Squat Therapy“ работилницата. Настанот е бесплатен, затоа побрзајте и пријавете го вашето учество. Грижете се за своето здравје – бидете дел од CrossFit Skopje.

Прегледи:
705
Објавено на:
01.11.2018