Категории

Да го засладите денот: Чизкејк со кокос, ванила и бело чоколадо! (РЕЦЕПТ)

Совршена комбинација на бело чоколадо, кокос и пудинг од ванила. Без желатин, без печење. Уживајте!

Состојки:

300 г кекс
130 г путер
две кесички пудинг од ванила
100 г шеќер
150 мл млеко
500 мл слатка павлака
250 г маскарпоне
200 г бело чоколадо
200 г рендан кокос

Подготовка:

Во блендер ставете ги кексите и путерот, изматете па добиената смеса втиснете ја во калап. Сварете го пудингот со млеко и шеќер. Слатката павлака згрејте ја во тенџере, додадете го пудингот и мешајте додека не се добие соединета смеса. Тргнете го од оган, додадете ја сечканата бела чоколада и мешајте додека не се стопи. Потоа додадете го кокосот и маскарпонето, изматете со миксер, па распоредете преку кората. Оладете го и послужете.

Прегледи:
511
Објавено на:
04.10.2021