Категории

Дали би ги купиле? Гучи лансираше валкани патики, а чинат вистинско богатство! (ФОТО)

Најпопуларниот моден бренд во светот ги прикажа своите нови необични патики, а нивната цена е вистинско богатство.

Сигурно никој од вас не сака износени патики, а едни такви „валкани“ пуштил во продажба брендот „Гучи“. Имено, познатиот моден бренд ги лансирал овие спортски обувки кои не се навистина валкани, но имаат таков дизајн поради кој изгледаат како износени патики.

Во продажба се женски и машки модел, наречен “Screener”, а може да се најдат во три различни бои портокалово-зелена, црвено-зелена и сино-портокалова.

Меѓутоа, она што особено изненадува е нивната цена која изнесува 87о долари. Цената на еден женски модел стигнува и до 980 долари.

Прегледи:
564
Објавено на:
26.03.2019