Категории

Дали е можно да сакате некого а во исто време да се заљубите и во некој друг?

Во повеќето случаи, тоа е обично избор помеѓу трајна врска и нова, вели Трејси Кокс, експерт за сексуалност. Додека сте прилично среќни во вашата врска, некој може одеднаш да се појави и срцето да ви чука. Тогаш сте соочени со огромна дилема – што треба да направите?

Да останете во стабилна врска или да прифатите нешто ново и повозбудливо?
Трејси Кокс, експерт за секс, вели дека е можно да имате чувства кон повеќе луѓе истовремено, но дека на крајот сè се сведува на избор и посветеност.

„Според мое искуство, луѓето често се жалат дека оставиле стабилна врска заради некој друг. Ако сте со партнерот веќе некое време, создавате пријатно чувство. Како да седам покрај оган со чаша вино.

„Новата љубов ви носи возбуда, се смеете без причина и не можете да го контролирате однесувањето“, објаснува Кокс. За многу луѓе, вистинскиот занес значи дека никогаш не можете да се за заљубите во некој друг. Дефиницијата за вистинска љубов значи дека една личност ги задоволува се, додава Кокс.
Ако сте отворена личност која сака да запознава нови луѓе, би можеле да се заљубите во десет луѓе одеднаш ако тоа си го дозволите.

„Една личност може да ја сака вашата авантуристичка страна, делот што сака див секс и возбуда. Друго може да направи да се чувствувате безбедно и длабоко сакано. Нема многу луѓе кои можат да се справат со повеќе љубовни врски истовремено. Она што ги спречува повеќето луѓе да се заљубат во други луѓе е посветеноста кон врската во која се веќе, времето и енергијата “, вели Кокс, додавајќи дека посветеноста е клучна.

Не можете да влијаете на тоа дали чувствувате природна привлечност кон некого, но може да спречите да се претвори во нешто посериозно – со ограничување на времето што го поминувате со таа личност и одбивање да ги пуштите во вашиот живот. „Да се ​​биде возбуден за некој и да се возбудите сексуално не е љубов, тоа е заљубеност“, вели Кокс.

Прегледи:
662
Објавено на:
05.02.2021