Некои девојки немаат проблем да вежбаат само со спортски градник, на некои им е срам, а некои вежбале додека некој не им кажал дека тоа не е во ред.
Во инстаграм пост фитнес блогерката Louise Aubery сподели фотографија за „соодветна опрема за вежбање.“ Во едната фотографија таа е во блуза со долги ракави и хеланки, а во другата со спортски градник и атлетски шорцеви.
Што е правилно?
Таа инспириана од настан кој се случил во салата каде што вежба, чувствувала дека мора да проговори на оваа тема. Имено, таа во својот пост раскажуа дека додека вежбала забележала девојка која вежба во блуза со долги ракави, иако било прилично топло и било очигледно дека на девојката не и било пријатно.
Подоцна во соблекувалната Louise ја прашала девојката зошто вежба со долги, кога било очигледно дека и е многу топло. Нејзиниот одговор бил причината зошто Louise ја објавила оваа фотографија.
„Не ми е повеќе пријатно да вежбам така, откако еден дечко ми кажа дека сакам да си го покажувам телото“ и одговораила таа. Засрамувањето на девојките зошто вежбаат како што им е пријатено е сосема неприфатливо, а таков третман немаат мажите кога вежбаат.
Таа ја споделува оваа приказна со надеж дека ќе ги охрабри девојките да носат што сакаат, без да им биде срам и да се грижат што ќе каже околината за тоа.