Категории

Дали е заљубен или сте му само забава? Еве како да откриете

Прочитајте помеѓу редови што значат неговите пораки

Доколку не сте сигурни дали е некој заљубен во вас или само му служите да си го пополни слободното време, обрнете внимание на тоа какви пораки ви испраќа.

Пораки кои ги пишува и значат дека сака врска:

-Те прашува како си навистина и го интересира твојот одговор.
Ти испраќа пораки додека си на работа или кога знае дека си под стрес или имаш прелада. Те прашува како може да ти помогне.

-Ти пишува дека му недостигаш и дека постојано мисли на тебе

-Ако му си при срце, тогаш ти испраќа пораки на крајот и на почетокот на денот. Ти посакува добро утро и убав почеток на денот исто така секој вечер ти посакува добра ноќ.

-Секогаш ти одговара на пораките дури и кога знаеш дека има работа преку глава.

-Тука е како поддршка во стресните денови и секогаш се грижи за тоа како се чувствуваш и сака да те развесели.

Мажот кој сака само секс ги пишува овие работи:

-Неговите пораки секогаш содржат експлицитна содржина, и најчесто не водите разговор на некоја конкретна тема.

-Во главно ти пишува пораки доцна во ноќта.

-Не ти пишува дека му недостигаш, туку наместо тоа ти испраќа „Те посакувам“ или „Потребна ми си баш сега!“

-Тој одредува кога ќе комуницирате преку пораки – кога ќе му напишеш нешто секогаш го чекаш неговиот одоговр многу долго. Кога ќе те повика тој очекува да се „нацрташ“ веднаш штом го направи тоа.

-Не прави планови однапред за тоа кога ќе се видите и најчесто вели дека е зафатен поголемиот дел од времето.

Прегледи:
1917
Објавено на:
16.12.2019