Tехнологијата секојдневно се развива со огромна брзина. Денес постојат многу паметни телефони и други уреди. Затоа нема да биде чудно доколку наскоро се појави и телефон – дрон.
Како што пренесува “Phone World”, компанијата “LG” се подготвува за лансирање на пазарот на најновиот модел “U+” кој што во суштина ќе биде телефон – дрон.
https://youtu.be/KDURXlJwK3c
Новата технологија ќе овозможи фотографирање и снимање на видеа од високо, видео-повици без да се држи телефонот во рака и слично. Наводно телефонот ќе има можност да ротира 360 степени, што значи дека ќе биде иделен за снимање на адреналински спортови и слични авантури.
Сепак, сеуште не е познато кога би можел ваков концепт на телефон да се појави на пазарот.