Категории

Дали му се допаѓате, но тој не го искажува тоа – 7 гестови кои откриваат

Сите знаеме како изгледа заљубена и заинтересирана жена за еден маж, но дали знаете како мажите ја покажуваат својата наклонетост спрема дамата која им се допаѓа?

Црвени образи, сјај во очите, срамежливи погледи, неспретни движења.. Се сосема јасни знаци дека во близина на жена која се однесува на тој начин се наоѓа маж во кого е заљубена или и се допаѓа. Но, што е со спротивниот пол? Како на нив да откриете дали им се допаѓате?

Тоа можеби ви изгледа тешко, затоа што за разлика од жените, мажите се склони кон „poker face“ – оној израз на лицето за кој всушност не знаете што знаци и од кого не можете баш многу да прочитате.

Сепак, дури и оние најсрамежливите прават одредени гестови кои ги разоткриваат, барем така истакнуваат стручњаците за говор на телото и невербалната комуникација.
Еве кои се тие:

Самоуверено стои пред вас
Кога сте насамо, заинтересираниот маж ќе ја искористи секоја можност да застане пред вас додека зборува со цел да биде сигурен дека ќе бидете во потполност сконцентрирани на него. Тоа, секако, без оглед на темата на вашиот разговор нема многу врска со она за кое зборува, туку исклучиво сака да го привлече вниманието на својата појава – како да зборува: „Еј, погледни ме. Погледни ме добро.“

Се обидува да ви го привлече вниманието
Ако му се допаѓате, а во главно се среќавате кога сте опкружени со други луѓе, тој ќе гледа како да ви го привлече вниманието. Тоа може да биде така што ќе се оддалчи од вас и ќе ве гледа потајно од далеку додека зборува на телефон, или пак додека работи на телефонот, додека нешто запишува или додека разговара со другите.

Цело време одржува контакт со очите
Погледот насочен директно во очите е знак на привлечност, а и професионалност, и приврзаност. Но, овде не зборуваме за вашиот шеф (иако не е исклучено), туку за фраерот на кого му се допаѓате. Ако ве гледа директно во очи кога разговарате, или уште подобро – ако не разговарате, бидете сигурни дека тука има нешто.

Суптилни допири
Предолгото задржување на раката при поздравот, допирот со ногата, тргање на прамен на косата од вашето лице и слични потези на мажот во ваша близина суптилно зборуваат дека му се допаѓате.

Играње со облеката
Мажот кој си игра со облеката – ја допира јаката, ја откопчува кошулата, ја развлекува граватата, го потегнува патентот на јакната.. се обидува да го направи тоа за да ве натера да помислите на нешто за кое и ви е добро знаете што.

Ви се јавува по грешка
Иако не сте имале договор да се чуете, недовршениот разговор или пак намера да се допишувате со него кога одеднаш како од „ведро небо“ ви ѕвони на телефон во знак на повик или порака а од друга страна ви се извинува дека тоа го направил ненамерно, по грешка ви се јавил или ви пишал порака (ако се случи еднаш е во ред но ако се случи повеќе пати), бидете сигурни дека на вас останува дали ќе продолжите со играта или ќе му олесните.

Прегледи:
596
Објавено на:
18.05.2020