Категории

Дали на чоколадото му е местото во фрижидер?

На многу намирници не им одговараат високите температури. Решението кое сите го имаме е да ги ставиме во фрижидер. Но, тоа не е секогаш добра идеја.

Не е препорачливо чоколадото и нутелата да се чуваат во фрижидер. Напротив, овие намирници треба да бидат на собна температура.
Сигурно многумина се соочиле со изменета боја и текстура на чоколадото и нутелата откако ги чувале во фрижидерот.
Лук Овен, експерт за чоколади од Нов Зеланд, истакнува дека најдобро е чоколадото да се чува во затворен сад, а садот да се стави во фрижидер на кратко време за да не се стопи, а потоа да се извади на собна температура некое време пред јадењето.


Чоколадото треба да се чува на температура помеѓу 15-20 °C. Во случај собната температура да надмине 28 степени, тогаш можете да размислите за кратко ставање во фрижидерот. Мора да се чува подалеку од сончева светлина, а идеално место е ладната остава или ормарот.

Прегледи:
571
Објавено на:
20.06.2019