Категории

Дали некогаш ќе престане постојаното осудување на жената?

Воопшто не е океј што жената е постојано мета на осудување, на коментар и критика, на нечии замислени стандарди за тоа како жената треба да се облекува, однесува, што треба да работи, што треба да прави, дали треба да се здебели или ослабе, да ги налакира ноктите и да ги издепилира мишките.

Воопшто не е океј што живееме во општество каде на жената и се наложени правила и прописи на живеење, по нечии замислени стандарди на совршеност. Не е океј другари, поголемиот број на жени се погодени од овие коментари, поголемиот број жени се трудат да се вклопат во калапот што општеството го замислило.
Ја покажуваме сопствената маленкост преку деградирање и понижување на било кој човек…дај да си ја гледаме својата работа, да ги прифатиме луѓето баш онакви какви се! Сите сме различни, сите сме совршени на свој начин и со причина сме различни!!!

Коментарите за другите за физичкиот изглед го покажуваат само нашето неприфаќање на себе, и тоа е жално…

п.с. Double standards are not cool.

#everybodyisabikinibody

 

Фејсбук статус на Марија Ѓурчиновска превземен со нејзина дозвола.

Прегледи:
543
Објавено на:
05.08.2020