Категории

Дали некогаш сте слушнале за кинемаграфија?

Дали некогаш сте слушнале за поимот кинемаграфија? Кинемаграфија не е исто како кинематографија, не се работи ни за фотографија ни за видео, тогаш што поточно е кинемаграфија?

Доколку сте го гледале серијалот Хери Потер, токму таму можете да видите пример на кинемаграфија, во постерите и списанијата кои личат на фотографија и видено сплотени во едно. Токму тоа би била и дефиниција на кинемаграфијата: хибрид на фотографија и видео.

Кинемаграфија содржи суптилно движење во фотографијата, додека остатокот од сликата е неподвижен. Кинемаграфија е популарен избор за рекламните кампањи кои се обидуваат да го задржат вниманието на публиката. Иако оваа техника личи на популарните GIF-ови, кинемаграфија е медиум, како фотографија и видео.

Оваа форма за прв пат се појавува во Њујорк во 2011 година на Fashion Week, каде ја прават двајца фотографи, Jamie Beck и Kevin Burg. Поради недостаток на термин кој би ги опишал овие видео-фотографии, тие решиле да измислат нова фраза, и така се роди терминот кинемаграфија.

Како кинемаграфијата изгледа во пракса, погледнете во овие неколку видеа.